Овој вид на сталка се изработува со правење на калап и лиење на гипс.
Материјали
Пластично садче, мала епрувета, микробренер, чаша или пластична кутија за припремање на гипс, гипс, лажица, вода,
Постапка
• Загрејте ја епруветата во близина на отворот и со неа направете дупка во пластичното садче (види видео) (Сл. 1).
• Залепете ја привремено епруветата за пластичното садче.
• Гипсот измешајте го со вода и подгответе го за лиење (Сл. 2).
• Истурете дел од гипсот во калапот и чекајте до стврднување на гипсот.
• Извадете ја приготвената единечна сталка од калапот (Сл. 3).
• Оставете ја да се исуши.
• Откако ќе се исуши сталката можете да ја премачката со епоксидна боја за метал.
Гипсот е релативно мек и бојата ќе овозможи негова заштита.
По истата постапка може да се изработи постамент за мало шишенце за изработка на микрошпиритусна ламба. Во овој случај наместо епрувета треба да се загрева дното од шишенцето и со него да се направи отвор во пластичниот сад. |